Комерцијална банка и Универзитетот ФОН потпишаа Договор за соработка за реализација на проектот „Фабрика на знаење“ предвиден во рамки на програмата „Кариера“. Двете институции во овој проект гледаат можност за младите талентирани кадри поблиску да се запознаваат со процесите на работа во организациите, со цел практична примена на стекнатите знаења преку реализација на конкретни задачи. Студентите ќе треба да ги детектираат таргетите поставени од страна на Дирекцијата за човечки ресурси на Банката и врз основа на добиените сознанија да го имплементираат своето знаење во креирање стратегија за доживотно учење. Проектот „Фабрика на знаење“ е во функција на стимулирање на студентите преку натпревар во идеи и нивна реализација, да ги подобрат и да ги усовршат образовните програми, а во функција на потребите на компаниите.
Комерцијална банка и Универзитетот ФОН потпишаа Договор за соработка за реализација на проектот „Фабрика на знаење“ предвиден во рамки на програмата „Кариера“.
Двете институции во овој проект гледаат можност за младите талентирани кадри поблиску да се запознаваат со процесите на работа во организациите, со цел практична примена на стекнатите знаења преку реализација на конкретни задачи.
„Студентите ќе треба да ги детектираат таргетите поставени од страна на Дирекцијата за човечки ресурси на Банката и врз основа на добиените сознанија да го имплементираат своето знаење во креирање стратегија за доживотно учење“, објасни главниот финансов директор на Комерцијална, Маја Стевкова-Штериева. Според директорот на ФОН Сефер Цановски, проектот „Фабрика на знаење“ е во функција на стимулирање на студентите преку натпревар во идеи и нивна реализација, да ги подобрат и да ги усовршат образовните програми, а во функција на потребите на компаниите.